Меси се збогуваше од Папата Франциск: Фала ти што го направи светот поубаво место, ќе недостигаш…

Светот денеска е завеан во црно по смртта на Папата Франциск, по што бројни легендарни спортисти се збогуваат од поглаварот на католичката црква.

Лео Меси преку порака на својот инстаграм профил се збогуваше од Папата, објавувајќи заедничка фотографија од 2013 година, кога Франциск во Ватикан ја пречека фудбалската репрезентација на Аргентина пред пријателскиот натпревар на „гаучосите“ со Италија.

„Еден сосема поинаков вид на Папа. Достапен, Аргентинец…. Почивај во мир, Папа Франциск… Ти благодарам што го направи светот поубаво место, ќе недостигаш“, напиша Меси.

Се вчитува...