Холандскиот интернационалец Коди Гакпо беше еден од стрелците во победата на Ливерпул против Тотенхем, со која тимот од Енфилд ја обезбеди титулата во Премиерлигата на четири кола до крајот.
Сепак, со прославата на голот го чека казна, поради пораката на маицата под неговиот дрес. По прославата на голот, на неговата маица се појави напис I belong do Jesus „Јас му припаѓам на Исус“.
Навивачите на Ливерпул се сеќаваат на овој напис кој го носеше легендарниот поранешниот играч на Милан, Кака и тоа во финале во ЛШ токму против Ливерпул.
Според правилата, фудбалерите не смеат да прикажуваат политички или религиозни пораки, слогани или слики за време на натпреварите. Гакпо доби жолт картон за соблекување на дресот, но сега го чека дополнителна казна. Сепак, се очекува таа да биде во парична глоба, затоа што не треба да се верува дека фудбалерот би добил некаква суспензија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

