Фудбалскиот клуб Ливерпул значително ќе го зголеми салдото на сметката по освојувањето на Премиерлигата.
Новите шампиони сезонава ќе добијат повеќе пари отколку Сити во двете претходни изданија.
„Граѓаните“ во двете сезони во кои го кренаа трофејот инкасираа 208 милиони евра. Ливерпул, да потсетиме, е единствениот тим кој освен Сити ја освоил шампионската титула (двапати) во последните осум сезони.
За истиот успех „црвените“ ќе добијат 212 милиони евра, а најголемиот дел од оваа сума се средства од ТВ правата кои се најголемиот извор на финансии за најпрофитабилната лига во светот.
На пример, победникот на Премиерлигата добива повеќе пари од победникот во Лигата на шампионите, но тоа не е ништо ново. Тоа е разлика која се мери во десетици милиони евра.
Износот што Ливерпул го заработи од освојувањето на лигата е само мал дел од она што го собра од успехот на теренот. Дополнителни 2.350.000 милиони ќе бидат добиени како бонус за освојување на трофејот од добавувачот на спортска опрема во заминување Најки, со кој клубот летово ја прекинува соработката.
Адидас, како што е познато, ќе биде главен спонзор на Ливерпул во наредните години, што ќе донесе нова голема заработка за тимот од „Енфилд роуд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

