Почина најпознатиот навивач на шпанската фудбалска репрезентација, Маноло Касерес Артесеро, или попознат како „Маноло Ел Дел Бомбо“.
Навивачот кој со својот тапан и уникатна облека беше присутен на сите натпревари на Шпанија почина во 76. година од животот.
Маноло беше и во Скопје, на пријателскиот меч меѓу Македонија и Шпанија во 2008 година кога се отвораше северната трибина на „Тодор Проески“, меч во кој Македонија на полувреме имаше 2-0, но Шпанците славеа со 2-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

