Клупската телевизија на Реал Мадрид ги критикуваше судиите назначени за натпреварот против Селта.
Мадрид ќе биде домаќин на Селта Виго во недела во рамките на 34-тото коло од Ла Лига. Хесус Гил Манзано е назначен за главен судија на натпреварот, а Франциско Ернандез Маесо ќе работи на ВАР системот.
Телевизијата на Реал Мадрид објави видеа од двајцата судии пред натпреварот. Во случајот со судијата Гил Манзано, клупскиот канал се потсети на поништениот гол на Џуд Белингам против Валенсија. Покрај тоа, беа споменати и други натпревари во кои беше вклучен судијата, а кои се покажаа како неуспешни за Реал.
„Ова е Хесус Гил Манзано, судијата во центарот на неодамнешниот најголем судиски скандал. Тој сега ќе го суди натпреварот Реал Мадрид – Селта “, се вели во видео на Реал Мадрид ТВ.
Силни рекции за судиите имаше и пред финалето на Купот на Кралот против Барселона, кога се појави информација дека Реал ќе го бојкотира финалето, што на крајот не се случи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

