Изненадување: Замената за Де Бруине доаѓа од Галатасарај

Манчестер Сити ја имаше една од најразочарувачките сезони во Премиерлигата, откако на чело на клубот е Пеп Гвардиола. Затоа е јасно дека на „Етихад“ ќе мора нешто да променат, ако сакаат тимот да го вратат на старите, шампионски патеки.

Јасно е дека некои играчи ќе го напуштат клубот, и дека некои ќе дојдат како засилувања. Прва цел за Гвардиола и за директорите на Сити ќе биде да се најде соодветна замена за Кевин де Бруине, кој на крајот на сезоната заминува од клубот.

Гвардиола сака да го донесе поранешниот играч на Норич, и сегашен на Галатасарај, Габриел Сара. Сара е цел на Манчестер Сити, а оваа сезона во дресот на турскиот гигант има седум асистенции и постигна два гола.

Исто така за него се интересираат и Вулверхемптон и Нотингем Форест, но ако Сити тргне по неговите услуги, тогаш овие два тима ќе немаат речиси никакви шанси.

Се вчитува...