Челси е веќе финалист во Конференциската лига на УЕФА откако во првата полуфинална пресметка убедливо славеше на гостувањето против Ѓурѓарден со 1-4.
Санчо и Мадуеке постигнаа голови во првото полувреме, а Џексон со два гола во вториот дел зголеми на 0-4. Мулугета во 68.минута успеа да постигне само почесен гол за домашните.
Бетис и Фиорентина во неизвесна битка ќе одлучуваат за вториот полуфиналист, откако Шпанците со 2-1 триумфираа на првиот меч од полуфиналето вечерва пред своите навивачи.
Бетис водеше со 2-0, а Раниери со гол во 73. минута донесе надеж за тимот од Фиренца пред реваншот.
ANTONY WHAT A GOAL WTF ! 🤯
Betis lead Fiorentina 2-0 !
— Janty (@CFC_Janty) May 1, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

