Францускиот фудбалер и член на Лион, Рајан Черки, сака кариерата да ја продолжи во Ливерпул, додека неговиот агент заговара продажба во Манчестер Јунајтед.
Черки е еден од најперспективните млади офанзивни играчи од средниот ред, и од него се очекува многу во иднина. Има 21 година, и зад себе одиграни 182 натпревари во дресот на Лион. Тој може да игра и како крилен напаѓач, а досега постигна 29 голови и запиша 44 асистенции.
Во минатото се поврзуваше со трансфер во Премиерлигата, а исто така и Борусија Дортмунд беше заинтересирана за неговите услуги, но до трансфер и тоа ви минатиот зимски преоден рок не дојде во последен миг.
Агентот на Черки сега се сретнал со неколку агенти, а моментално Манчестер Јунајтед е најблиску до неговите услуги, со оглед дека на тимот од „Олд Трафорд“ му требаат нужно засилувања и на крилните позиции, и во средниот ред, нешто кое може да го покрие Французинот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

