Њукасл без Жоеилтон до крајот на сезоната

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, откри дека веројатно нема да може да го користи Џоелинтон во преостанатите четири натпревари од сезоната. 28-годишниот играч од средниот ред има повреда на коленото и моментално е во Бразил.

Веста сигурно не е добра за „сврчките“, кои водат многу тесна битка за место во Лигата на шампионите. Њукасл моментално го зазема третото место во привремениот пласман, но разликата со Нотингем Форест, кој е шести, е само два бода. Во недела, „сврчките“ гостуваат кај Брајтон, а потоа имаат тешки натпревари со Челзи, Арсенал и Евертон.

„Веројатно ќе му биде тешко повторно да игра оваа сезона, но никогаш не би го исклучиле тоа бидејќи е многу мотивиран да се обиде да се врати. Мислењето на специјалистите е дека ќе му треба пауза. Тој во моментов е во Бразил. Ќе почекаме и ќе видиме дали можеме да го вратиме пред крајот на сезоната, но веројатноста за тоа е мала“, рече Хау на денешната прес-конференција.

Се вчитува...