Рангник жестоко против Јунајтед: Потрошивте 800 милиони евра, а многу сте полоши од мое време…

Ралф Рангник жестоко ја критикуваше управата на Манчестер Јунајтед за правецот во кој гигантот од „Олд Трафорд“ се движи во последните некоклу години по завршувањето на неговиот краток престој во овој клуб.

Рангник влезе во конфликт со неколку скапи ѕвезди, го пресели на клупата и Кристијано Роналдо кој потоа си замина од клубот, но иако беше најавувано дека има поддршка од управата, тој на крајот беше отпуштен откако ја заврши сезоната на шестата позиција. Јунајтед моментно се наоѓа на катастрофалното 14. место на табелата, урна бројни неславни рекорди, па актуелниот селектор на Австрија не ја пропушти можноста да го „пецне“ поранешниот клуб.

„На крајот на таа сезона кога јас бев во клубот требаше да се средат само некои основни работи и тимот ќе беше на високо ниво. А реалноста е дека досега во последните години беа потрошени околу 800 милиони евра, а е многу полош од мое време, драматично полош. Донесоа тренер среде сезона, избраа стратег што инсистира со тројца или со петорица во одбранбената линија, но тимот е скроен за тактика со четири во линија. Се е тоа очигледно на теренот, особено во Премиер-лигата каде Јунајтед загуби премногу средби од тимови што мораше да победи. Победа во Лигата на Европа може да ја спаси сезоната, но не и сето она што е погрешно работено во овој период“, изјави Рангник.

Се вчитува...