Нкунку и дефинитивно го напушта Челси

Кристофер Нкунку не се снајде во дресот на Челси, па затоа разделбата е се поизвесна. Французинот сака да го напушти лондонскиот клуб на крајот на сезоната.

Нкунку одигра само 910 минути во 27.  натпревари на кои беше на теренот оваа сезона. Често имаше проблеми со повреди, а најчесто беше стартер само во Конференциската лига. Таму во девет натпревари постигна пет гола и трипати асистираше.

Поради ова Французинот бара трансфер иако договорот со тимот од „Стемфорд Бриџ“ му истекува дури во 2029. Тоа би значело дека Челси би можел да заработи од заминувањето на поранешниот напаѓач на Лајпциг и ПСЖ.

Нкунку е желба на речиси сите клубови во Премиерлигата кои се во горниот дел од табелата, но и на Манчестер јунајтед и на Тотенхем.

На адреса на лондонскиот клуб се уште нема испратен0 конкретни понуди, но разговорите со агентите на играчот се во тек и голема е веројатноста Нкунку да остане во Премиерлигата, но не во дресот на Челси.

Се вчитува...