Солскјер: Тешко ми е да го гледам Манчестер Јунајтед во овој момент

Оле Гунар Солскјер е загрижен за моменталните резултати на Манчестер Јунајтед. Клубот од Манчестер, предводен од Рубен Аморим, моментално го зазема 15-то место во Премиер лигата.
Норвежанецот е легенда на клубот, откако долги години го носеше дресот на овој клуб и ги освои сите можни трофеи, а потоа стана и тренер на оваа екипа, но не се задржа долго на менаџерската работа.
„Манчестер Јунајтед е моето семејство и секогаш ќе биде дел од мене. Во фудбалот не ти е жал за никого, бидејќи работењето во такви клубови е 100% привилегија, апсолутна привилегија. Но, тешко ми е да го гледам сегашниот Манчестер Јунајтед Не е лесно да се погледне табелата за време на викендот“, рече Солскјер.

Се вчитува...