Севиља ќе се „тресе“ за опстанокот во Ла Лига (ВИДЕО)

Екипата на Севиља во последните четири кола ќе стравува за својот опстанок во Ла Лига, откако денеска пропушти можност да направи голем чекор кон средината на табелата, играјќи само 2-2 против Легањес, директниот конкурент за останување во шпанската „елита“.

Легањес имаше предност со голот на Ел Хадади во 7. минута. Салас во 21. минута израмни на 1-1, а потоа Ромеро во 70. минута донесе 2-1 за Севиља, на голема радост на домашните навивачи.

Сепак, само три минути подоцна Хернандез успеа да израмни и така да донесе бод за гостите.

Се вчитува...