Оле Гунар Солскјер го критикуваше Манчестер Јунајтед, неговиот поранешен клуб, за некои одлуки кои, според него, одат директно на штета на самиот клуб.
Солскјер моментално е тренер на Бешикташ, а неговиот поранешен тим Јунајтед – очигледно и тоа како се мачи сезонава. Можеби дури и повеќе од кога Норвежанецот беше на кормилото, а кога ‘рбетот на средниот ред беа Фред и Скот МекТомини.
Сега ниту едниот ниту другиот не се во клубот – Бразилецот е со Мурињо во Фенербахче, а Шкотланѓанецот е во Наполи, каде што се пресели за 30 милиони евра.
„Скот и Фред заедно. Може секогаш да се потпрете на нив и да знаете дека секогаш ќе дадат 100%. Како можете да го продадете Скот – не можам да разберам“, рече Солскјер, кој се осврна и на игрите на Хари Мегваер, спорниот дефанзивец кого го донесе во клубот, а кој сè уште „преживува“ како член на Јунајтед иако со години е наводно „бркан“ од клубот.
„За мене, Хари отсекогаш бил лидер и борец. Никогаш не се сомневав во одлуката да го доведеме и знаев дека тој ќе биде наш капитен штом се појави на вратата на клубот“, рече Солскјер, а потоа ги пофали двајца други играчи:
„Има уште еден капитен, Бруно (Фернандеш). Тие се двајца врвни луѓе, им посакувам се најдобро. Тие заслужуваат се најдобро.“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

