Жоао Феликс се сели во Бразил!?

Некогашниот најголем талент на Европа, Жоао Феликс ова лето би можел да направи сензационален трансфер преминувајќи во бразилскиот клуб, Фламенго, откриваат медиумите во Бразил.

За 25-годишниот Португалец повеќе нема место во Милан каде не се поклопува во замислите на тренерот Серхио Консеисао, а нема ниту во матичниот Челси па се е подготвено за нов трансфер.

Раководството на Фламенго во португалскиот фудбалер гледа идеално засилување – млад фудбалер со големо искуство кое може да му придонесе на шампионските амбиции па тој е трансфер мета број еден.

 

Се вчитува...