Џејмс Медисон од Тотенхем три месеци ќе биде надвор од терените поради повреда на коленото, објави Би-Би-Си.
Според извештаите, 28-годишниот играч од средниот ред нема да има потреба од операција на повреденото колено, но закрепнувањето од повредата здобиена на натпреварот против Боде/Глимт ќе трае најмалку до август.
Медисон на тој начин не само што ќе го пропушти финишот на оваа сезона, туку нема ни да биде подготвена за почетокот на следната.
Утре, Тотенхем го игра реванш натпреварот против Боде/Глимт во полуфиналето од Лигата на Европа. Англичаните го добија првиот натпревар како домаќини со 3-1. Медисон сигурно нема да биде на теренот во Норвешка, но ниту во Билбао на 21 мај во финалето, доколку Тотенхем ја одбрани предноста од првиот натпревар.
Повредата на Медисон е нов удар за Тотенхем на крајот од сезоната, бидејќи и играчот од средниот ред Лукас Бергвал е во „аут“, а тој нема да се врати на теренот до почетокот на следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

