Хрватскиот репрезентативен голман Доминик Ливаковиќ, на лето ќе има нов клуб, тврдат медиумите во Турција. Чуварот на мрежата сезонава одигра 30 меча, и прими 36 голови. Најверојатно нема да ја освои титулата, затоа што Фенер има негатива од осум бодови на четири кола до крајот.
Тој беше повреден и пропушти неколку натпревари, па бранеше друг голман, а во последно време почесто се наоѓа на клупата.
Неговиот договор со Фенербахче е до 2028 година. Фенер наводно за неговите услуги ќе бара 10 милиони евра. Најконкретен интерес има од Саудиска Арабија, иако има интерес и од клубови од Англија, Италија и Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

