Јошко Гвардиол, хрватскиот репрезентативец од редовите на Манчестер Сити во клупско интервју говореше на повеќе теми, а едно од прашањето беше и кој е неговиот идол.
Гвардиол како идол го именуваше неговиот татко Тихомир за кој вели дека му бил и се уште му е најголем фан, но го спомена и Серхио Рамос, славниот шпански стопер познат по настапите за Реал Мадрид.
„Би рекол дека ми е Серхио Рамос, но и татко ми кој ме инспирираше и ме обликуваше во тоа што сум денеска. Беше и се уште ми е најголем фан. Тој е причината поради која сум денеска тука“, изјави Гвардиол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

