Арсенал почнува да биде кошмар за Реал Мадрид: Прво загуби на теренот, сега и во трансфер битката

Арсенал по новата сезона во која нема да освои ниту еден трофеј е подготен за нови промени во составот. На „Емирати“ се очекуваат бројни заминувања и засилувања, а еден од овие вторите се очекува да биде и Мартин Зубименди.

Дваесетишестгодишниот играч од средниот ред беше голема желба на Микел Артета и за оваа сезона, но не успеа да го реализира трансферот. Ова лето Шпанецот ќе биде и трансфер мета на Реал Мадрид, но со цел да нема наддавање со мадридјани, лондонскиот тим ќе ја активира откупната клаузула, пренесуват доброупатениот Фабрицио Романо.

Истата изнесува 60 милиони евра и се очекува да биде активирана веднаш штом се отвори преодниот рок. Договор е веќе постигнат со Зубимеди па реализацијата на трансферот се чини дека е само формалност.

Зубименди потекнува од младинската школа на Реал Сосиедад, а со одличните настапи во последните сезони ги промами интересот на најголемите европски гиганти. Тој беше мета и на Ливерпул што говори доволно за квалитетот кој го поседува.

Се вчитува...