Манчестер Сити доби големо засилување во битката за ЛШ

До крајот на сезоната Манчестер Сити ќе се бори за место во Лигата на Шампионите и трофеј во ФА Купот, а за овие натпревари добива и големо засилување бидејќи дел од тимот ќе биде и Ерлинг Халанд.

Норвешкиот голгетер е надвор од теренот од месец март поради повреда, но имаше успешна рехабилитација и веќе го започна денешниот натпревар против Саутемптон во 36. коло од Премиерлигата.

Пеп Гвардиола изјави дека постои сомнеж дали Халанд ќе биде дел од првиот тим, но се одлучи да му даде шанса уште од првата минута.

Се вчитува...