Манчестер Сити не успеа да го пробие „бункерот“ на Саутемптон во 36. коло од Премиерлигата па во важниот натпревар против идниот второлигаш освои само бод од можните три.
Начинот на игра на противникот кој е закован на дното на табелата наиде на голема фрустрација кај фудбалерите на Манчестер Сити. Незадоволството по средбата не го криеше Рубен Дијаш.
„Фрустрирачки е. Секој бод е многу важен до крајот на сезоната и навистина е невкусно да играте против ваков тим во овие моменти. Не се ни обидуваа да играат, само го трошеа времето. Пробавме да направиме се што можеме, но тие беа целосно повлечени. Не ги искористивме шансите па мора да се задоволиме само со бод“, изјави Дијаш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

