Челси загуби значјани бодови во битката за место во Лигата на Шампиони откако во 36. коло од Премиерлигата загуби на гостувањето кај Њукасл Јунајтед со 2-0 во натпревар во кој остана и со играч помалку.
Домаќините стигнаа до предност уште во 2. минута од средбата кога загубената топка на Лавија ја искористија фудбалерите во „црно-бело“ за предност. Во 36. минута стигнаа до уште една преднсот, но овој пат на теренот откако директен црвен картон доби Николас Џексон поради удар со лакт во главата на противничкиот фудбалер.
И покрај тоа што имаше фудбалер помалку, Челси ја превзема иницијативата во второто полувреме, но не успеа да го совлада Поуп. Победата ја потврди Бруно Гимараеш со фантастичен гол надвор од шестнаесетникот во 91. минута од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

