Манчестер јунајтед и Тотенхем доживеаја порази пред своите навивачи во 36. коло од Премиерлигата, незаинтересирани очигледно за конечниот исход на натпреварите а чувајќи ги силите за меѓусебното финале во Лигата на Европа.
Јунајтед загуби со 0-2 од Вест Хем, кој до триумфот дојде со головите на Соучек во 26. минута и Боувен во 57. минута.
Тотнехем, пак, идентично со 0-2 беше поразен од Кристал Палас. Гостите до победата дојдоа со погодоците на Езе во 45. и во 48. минута.
Нотингем Форест, пак, на домашен терен испушти победа над отпишаниот Лестер, ремизирајќи 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

