Манчестер Јунајтед доживеа нов пораз во Премиерлигата и тоа од Вест Хем Јунајтед на „Олд Трафорд“ со 2-0 во 36. коло. Овој пораз не наиде на големо незадоволство на навивачите со оглед на тоа што нивниот клуб ќе игра финале во Лига Европа, но наиде на разочарување кај тренерот Рубен Аморим.
Португалскиот стратег кој го превзема клубот во текот на сезоната изјави дека се чувствува засрамено бидејќи неговиот клуб е на 16. место на табелата. Загрижен е и бидејќи мисли дека Манчестер Јунајтед го губи чувството дека е голем клуб.
„Кога ќе ја видам табелата, кога ќе видам дека Манчестер Јунајтед е шестнаесетти се чувствувам засрамено и тоа е нешто што ми е тешко да го прифатам.
За мене најголема загриженост ми е тоа што чувството е дека тоа е океј. Најголемиот проблем на нашиот клуб е тоа што го губиме чувството дека сме голем клуб, треба да чувствуваме дека е крај на светот кога ќе загубиме меч на „Олд Трафорд“.
Сите размислуваат за финалето, но имаме поголеми работи на кои треба да мислиме и треба да промениме многу работи на крајот од сезоната, мора да се фокусираме на тоа“, изјави Аморим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

