Грчкиот газда на Нотингем Форест влезе во конфликт со тренер, сега објасни и зошто (ФОТО)

Сопственикот на Нотингем Форест, Евангелос Маринакис влезе во конфликт со тренерот Нуно Еспирито Санто по крајот на натпреварот против Лестер во 36. коло од Премиерлигата, натпревар во кој неговиот тим загуби значајни бодови во битакта за Лига на Шампиони ремизирајќи со клубот кој следната година ќе се натпреварува во второлигашкиот фудбал.

Грчкиот милијардер по инцидентот се огласи на социјалните мрежи објаснувјаќи што се случило.

„Денеска е ден за славење, бидејќи по 30 години Нотингем Форест повторно ќе игра во Европа, тоа е ветувањето што го дадов кога се пласиравме во највисокиот ранг. На два натпревари до крајот на Премиер лигата, мора да продолжиме да веруваме и да сонуваме до последниот судиски свиреж.

Целиот клуб, стручниот штаб, играчите, навивачите, дури и јас бев фрустриран од повредата на Таиво и погрешната проценка на лекарскиот тим за неговата способност да продолжи да игра. Тоа е природно, тоа е показател за страста што ја чувствуваме за нашиот клуб. Сите треба да бидеме благодарни, страсни и да продолжиме да сонуваме”, напиша Маринакис.

Се вчитува...