Роналдо е горд татко: Син му дебитира за Португалија во Хрватска

Кристијано Џуниор, најстариот син на легендарниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо кој е апсолутен рекордер по бројот на постигнати голови ќе дебитира за португалската младинска репрезентација до 15 години и тоа во Хрватска.

Џуниор се најде на списокот на повикани фудбалери за настап на пријателскиот турнир „Влатко Марковиќ“ кој се одржува во селото Свети Мартин на Мури.

На турнирот кој се игра од 13. до 18. мај покрај Португалија и Хрватска учество ќе земат и Јапонија, Англија, Франција, Грција, Швајцарија и Романија што предизвика голем интерес кај медиумите.

Се вчитува...