Крилниот напаѓач на Индепендиенте де Авеланеда, Сантијаго Монтиел, постигна спектакуларен гол за победа на својот тим во аргентинската лига.
Момчето високо само 166 центиметри, во 57. минута од мечот со Индепендиенте Ривадавија изведе потег кој заслужува да биде во конкуренција за најпрестижните награди, како што е наградата „Пушкаш“ што ја доделува ФИФА.
По корнер од левата страна, дефанзивецот на гостите ја изби топката од шеснаесетникот, до неа дојде Монтиел, беше свртен со грб кон голот, но потоа направи магија.
Сантијаго Монтиел има 25 години, а тој е братучед на Гонзало Монтиел, играчот на Ривер Плејт кој го постигна голот од пенал во 2022 година за титула на Светското првенство за Аргентина.
🤯🇦🇷 Santiago Montiel (2000), do Independiente, protagonizou um golaço de VOLEIO na entrada da área.
O prêmio Puskás ganhou um forte concorrente! pic.twitter.com/VEhh7iPv0G
— Footure (@FootureFC) May 11, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

