Менаџерот на англискиот премиерлигаш Манчестер jунајтед, Португалецот Рубен Аморин почна да го склопува изборот на фудбалери за следната сезона.
Според вестите кои доаѓаат од „Островот“, Аморин почнал да бара засилување во нападот откако „црвените ѓаволи“ се една од најнеефикасните екипи во лигата оваа сезона.
Манчестер Јунајтед оваа сезона во Премиерлигата постигна 42 гола на 36 натпревари, што го прави петтиот тим со најмалку постигнати голови. Помалку постигнаа само Евертон, Ипсвич Таун, Лестер Сити и Саутемптон.
Еден од играчите кои Аморим наводно ќе се обиде да ги донесе на „Олд Трафорд“ е напаѓачот на Вулверхемптон, Матеус Куња (25). Бразилецот оваа сезона постигна 15 гола во лигата, а неговата клаузула е околу 60 милиони евра.
Се споменува и напаѓачот на Ипсвич Таун, Лиам Делап (22), како и крилото на Бормут, Антоан Семењо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

