Трент Александар Арнолд заминува од Ливерпул во Реал Мадрид како слободен агент, а тимот од Енфилд веќе се подготвуваат да потпишат со неговата замена. Во таборот на англискиот првак ќе пристигне холандскиот интернационалец Џереми Фримпонг од Баер Леверкузен.
Според германските медиуми, остануваат само да се договорат детали и Фримпонг да замине во Англија. Ќе потпише петгодишен договор со Ливерпул, односно до 2030 година, а Ливерпул ќе ја плати откупната клаузула која изнесува 40 милиони евра.
Фримпонг веќе има искуство со агнлиските тимови, затоа што мина девет години во академијата на Манчестер Сити, но никогаш не заигра за овој тим. За тимот од Германија постигна 30 голови и 39 асистенции во 190 меча.
Фримпонг ќе биде третиот играч од Баер Леверкузен кој заминува од тимот на крајот од сезоната. Претходно тоа ќе го сторат и Флоријан Вирц и Џонатан Та кои ќе заминат во Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

