„Да сум јас во Манчестер Јунајтед, ќе победам на повеќе натпревари од Аморим“

Поранешниот менаџер на Евертон, Шон Дајч, кажа дека тој би го предводел Манчестер Јунајтед до повеќе победи од Рубен Аморим.

Во својата прва сезона на „Олд Трафорд“, Португалецот го одведе тимот до финалето на Лигата на Европа, но во Премиер лигата „Црвените ѓаволи“ се само на 16-то место, а процентот на победи на Аморим како менаџер на 20-кратните шампиони е само 24%.

„Тој нема да го промени начинот на кој игра тимот. Подобро да победи на неколку натпревари, и тоа брзо. Мислам дека ако одев таму и тимот играше на мој начин, ќе победувавме на повеќе натпревари. Само со 4-4-2 – за да им ги дадеме на играчите основните правила и принципи. Тој е таму веќе некое време, па затоа подобро е да почне да победува наскоро“, рече Дајч во подкастот „Stick to Football“.

Малку подоцна во истиот разговор, поранешниот менаџер на Евертон, Барнли и Вотфорд призна дека отсекогаш сакал да ги води „Црвените ѓаволи“:

„Секогаш сакам да работам Манчестер Јунајтед, но не затоа што е Манчестер Јунајтед, туку поради големината на клубот. Знам дека тие минуваат низ тежок период во моментов, но ова е голем и супер силен клуб на глобално ниво“, додаде Дајч.

Се вчитува...