Поранешниот фудбалер Лусио хоспитализиран во болница поради изгореници

Лусио, поранешниот капитен на бразилската репрезентација и екс фудбалер на Баер Леверкузен, Баерн Минхен, Интер, Јувентус е хоспитализиран во болница откако се здобил со изгореници во семеен инцидент, објавува „Глобо“.

Степенот на повредите не е познат, но болницата вели дека 47-годишниот екс фудбалер е свесен и во стабилна состојба. Лусио беше активен фудбалер меѓу 1998 и 2019 година, а освои и светска титула со Бразил на Мундијалот во 2002 година.

„Пациентот е стабилен, свесен и под грижа на тим на доктори. Добива специјализиран медицински мониторинг за третман на изгореници“, се вели во соопштението на болницата.

Се вчитува...