Младинците на Мулти Есенс се шампиони на Македонија! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Младинците на Мулти Есенс ја потврдија својата доминација сезонава во македонскиот шампионат освојувајќи ја шампионската титула, по победа над врсниците од Е. Пелистер во финалето на Фајнлфор турнирот кој се играше во салата „Антон Димитров“ во Скопје.

Мулти Есенс убедливо триумфираше во финалната пресметка против Е. Пелистер победувајќи со 32-22.

Претходно, во вчерашното полуфинале Мулти Есенс исто така убедливо со 34-21 славеше против РК Бутел.

Во битката за третото место на Ф4 турнирот, претходно екипата на Бутел ги победи младинците на Алкалоид.

 

Се вчитува...