ЖРК Ѓорче Петров и ЖРК Чаир ќе се сретнат во финалето на Ф4 турнирот на женскиот ракометен Куп на Македонија кој се игра во салата 25. мај во Радовиш.
Во првото полуфинале освојувачот на Суперлигата, ЖРК Ѓорче Петров ја оправда фаворитската улога против ЖРК Вардар славејќи со убедливи 39-18. Вранчиќ и Дежиќ со по пет гола беа најефикасни во таборот на победникот, додека кај поразените Леона Миленковска постигна шест гола.
Во второто полуфинале во далеку поинтересен натпревар ЖРК Чаир славеше против Металург Автокоманда со 22-20. Теодора Дукоска со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Марија Јанкуловска постигна пет гола.
Финалето е закажано за утре со почеток во 16 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

