Фудбалерите на Пари Сен Жермен испишаа историја и стигнаа до првата титула во Лигата на шампионите, откако вечерва во финалето на „Алијанц арената“ го прегазија Интер со убедливи 5-0.
Луис Енрике покажа дека тимот е поважен од поединецот. Иако на стартот на сезоната Килијан Мбапе замина од Париз, францускиот тим ја има најдобрата сезона во историјата во која стигна до тројна титула.
„Светците“ стигнаа до брзо водство од 1-0 со погодокот на Ашраф Хакими во 12. минута од мечот.
Само осум минути подоцна Французите го удвоија водството (2-0) преку Дезире Дуе.
Првата шанса во мечот „нероаѕурите“ ја имаа дури во 37. минута кога по еден корнер, Маркус Тирам биеше со глава, но топката заврши покрај голот на Џиџо Донарума. ПСЖ до крајот на првиот дел можеше да дојде и до 3-0, но Усман Дембеле немаше среќа во 43. минута, откако ја погоди пречката на голот на Јан Зомер. Квараскелија имаше уште две шанси, но резултатот сепак остана 2-0.
Во вториот дел дилемите околу победникот ги разреши младиот Дезире Дуе кој со својот втор гол во 63. минута зголеми на 3-0. Во 73. минута беше 4-0 со погодокот на Квараскелија, додека конечните 5-0 ги постави Сени Мајулу во 87. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

