МАКЕДОНИЈА ДОБИ СПОРТСКИ МУЗЕЈ СО КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ГОРДЕЕ – „Бир Гарден“ го претвори спортскиот бар во музеј на гордоста!

„Со спортот во срце“ е мотивот на првите луѓе на веќе препознатливиот домашен бренд „Beer Garden“ кој изминатиов период реализираше повеќе од племенита идеја која ги воодушеви сите љубители на спортот во Македонија.

Истакнатите домашни вљубеници, финансиери и помагатели на спортот, сопствениците на „Beer Garden“, Јовица Николовски, Александар Китановски и Иван Ташковски, спортскиот бар во рамките на трговскиот центар „Дајмонд мол“, го претворија во вистински „Спортски музеј на гордоста“. За првпат Македонија во својата независна историја добива спортски простор и музеј од ваков тип!

Благодарение на несебичната поддршка од најголемите домашни спортски имиња, тренери и спортски институции, спортскиот бар на Beer Garden доби ново лице. Просторот се трансформираше во мал спортски музеј, во кој посетителите можат одблиску да ги видат оригиналните дресови, трофеите, фотографии и останатите вредни сувенири кои сведочат за незаборавните спортски моменти од историјата на Македонија.

А, оригинални дресови од своите најпрепознатливи натпревари, оригинални трофеи, фотографии и историски реквизите кои може да ги погледнете во спортскиот бар „Бир Гарден“ во „Дајмонд мол“ веќе донираа легендите на македонскиот спорт Дарко Панчев, Горан Пандев, Кире Лазаров, Петар Наумовски, Перо Антиќ, Шабан Трстена, Никола Ѓоргиев, Пепи Манасков, Артим Шаќири, Ѓорѓи Христов, Гоце Седлоски, Гордана Нацева, Васил Рингов, Врбица Стефанов, Дејан Георгиевски, Драги Сетинов…, но и истакнатите домашни тренерски имиња, Благоја Милевски, Ѓоко Хаџиевски, Емил Рајковиќ, Марјан Илиевски, Јошко Миленковски…

„Во време кога спортот не само што обединува, туку и инспирира, Beer Gartden испраќа голема благодарност до сите македонски спортисти кои со своите лични успеси донесоа радост, гордост и емоции на целата нација. Секоја освоена медала, секој постигнат гол, секоја истрчана патека – се запишани во нашето колективно паметење како моменти на национална гордост. Особена благодарност упатуваме до сите спортисти кои несебично донираа дел од својата спортска историја – дресовите со кои настапувале за своите клубови и за македонската репрезентација. Тие парчиња ткаенина не се само дел од спортска опрема, туку носат во себе приказни за борбеност, пожртвуваност и љубов кон татковината“ – порачуваат сопствениците на „Beer Garden“, и дополнуваат:

„Со оваа иницијатива сакаме не само да го зачуваме спортското наследство, туку и да ги мотивираме идните генерации. Нашата цел е Beer Garden да стане место каде што спортот се слави секој ден – не само преку натпревари на екраните, туку и преку живи спомени, приказни и емоции. Ова не би било возможно без спортистите кои веруваа во оваа идеја и со отворено срце ја поддржаа. Нивната подготвеност да споделат дел од својата кариера со јавноста е чин што заслужува длабока почит. Од срце ви благодариме! Beer Garden останува посветен на спортот, на културата на навивање и на зачувување на она што значи вистинска спортска историја“.

Првите луѓе на „Beer Garden“ за периодот кој следи најавуваат уште многу новитети кога е поврзано спортско живеење на спортскиот бар во „Дајмонд мол“, со бројни подароци низ игри за сите поситетели кои секојдневно се подготвени да уживаат во „Спортскиот музеј на гордоста“ кој дефинитивно веќе ја привлекува комплетна спортска Македонија.

 

Се вчитува...