Специјализираната фудбалска веб-страница „Трансфермаркт“ ги апдејтираше проценките околу вредноста на фудбалерите по завршувањето на оваа сезона.
Притоа, највреден македонски фудбалер на пазарот останува Елиф Елмас, но годинава со огромна разлика во однос на неговите репрезентативни колеги. Елмас е проценет на 14 милиони евра според најновите податоци, далеку пониска сума од оние 24 милиони евра што Лајпциг пред една и пол година ги плати за да го доведе. Германскиот клуб бара 17 милиони за Елиф, но најверојатно ќе се согласи на овие проценети 14 милиони доколку се најде клуб што ќе ја понуди оваа сума за најдобриот македонски фудбалер.
Втор во рангирањето е Енис Барди, проценет на 3,7 милиони евра, пред голманот Столе Димитриевски со три милиони евра. Идентична проценка како и Димитриевски има и голгетерот Бојан Миовски, чија вредност значително опадна по потпросечната сезона во Џирона откако шпанскиот клуб плати 9 милиони евра за да го доведе од Абердин.
Дарко Чурлинов е петторангиран со 1,5 милиони евра проценета вредност, пред Алиоски, Дориев, Алими, Ќамили и Стефан Ристовски…

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

