Немили сцени на големото дерби во Автокоманда, откако битолските судии Митревски и Тодоровсски му покажаа директен црвен картон на Кире Лазаров.
Стратегот на Алкалоид беше бесен на чудниот судиски критериум, пред се од одлуките што ги носеше Димитар Митревски… а токму овој судија му покажа директен црвен картон на Лазаров, по што македонската ркаометна легенда уште повеќе ги загуби нервите.
Се крена непотребна тензија и на трибините, а Лазаров бесен се упати надвор од теренот…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА







