Шампион во секоја смисла: Кире Лазаров, прв македонски тренер со европска титула

Кире Лазаров имаше зад себе неверојатна кариера како играч, освојувајќи ги сите можни трофеи, закитувајќи се и со една титула европски првак како член на Барселона.

Извонредниот триумфален пат нашата легенда го продолжува и како тренер, откако името на Лазаров повторно се најде на врвот во испишувањето на историја во мак-ракометот – како прв тренер Македонец што успеал да стигне до европски трофеј. Алкалоид денеска и официјално беше крунисан од ЕХФ за нов првак на Европскиот куп, успех за кој најзаслужен е токму Лазаров, кој од екипа составена од огромен број на домашни ракометари успеа да создаде победничка машинерија што се закити со европскиот пехар.

Првиот европски трофеј на македонски клуб го крена Кометал ЃП со Русинот Александар Панов на клупата, предводници на Вардар во двете титули во ЛШ беа Шпанците Гонзалес и Парондо, а Лазаров е првиот Македонец што со македонски клуб испишал ваква историја.

Легендата продолжува во ист ритам, како играч сега и како тренер со една јасна цел – за доброто на македонскиот ракомет.

Се вчитува...