Кил заврши уште една потпросечна сезона во која поранешниот европски првак повторно не успеа да обезбеди пласман во Лигата на Шампионите.
За кошмарот да биде комплетен, последното коло донесе и хорор-повреда, откако еден од најдобрите ракометари на Кил, пивотот Хенрик Пекелер, ја скина тетивата. Немилата сцена се случи во првото полувреме од последниот меч со Ајсенах, кога во обичен ракометен дуел Пекелер остана да лежи во агонија, по што стана јасно дека проблемот е сериозен.
Деталните прегледи покажаа дека станува збор за кинење на ахиловата тетива, денеска беше извршен и хируршки зафат врз одличниот ракометар, кој би можел да се врати на терените најрано во февруари 2026 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

