Горан Андоновски седнува на клупата на Младост Богданци

Искусниот македонски тренер Горан Андоновски во следната сезона ќе го предводи ракометниот клуб Младост 1977 Богданци.

Познати имиња од градот, Мите Стоилов, Никола Роглев и уште неколку ракометни ентузијасти во градот се обидуваат да го однесат клубот повторно во Суперлигата нешто што ќе биде цел број еден во следната сезона.

Андоновски како тренер имаше одлични резултати со Охрид своевремено, добро се снаоѓаше и на клупата на ГРК Тиквеш, а добро му одеше и на Косово каде што работеше во минатиот период.

Се вчитува...