Ветераните на Вардар домаќини на Македонците од Војводина: Фудбал, забава, пријателство… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ветераните на Вардар, традиционално продолжувајќи ги меѓусебните средби со братските клубови од земјите од регионот, денеска беа домаќини на поранешни фудбалери, пред се Македонци од Јабука, Војводина, кои настапувале во минатото за клубови од српскиот северен регион.

По претходните гостувања на црвено-црните ветерани во Јабука, место кое е пред се населено со Македонци во Србија, овој пат беше возвратено гостопримството со меѓусебно одигран фудбалски натпревар во спортскиот центар „Форца“, но пред се, и многу забава како начин на дополнително зацврстување на меѓусебното пријателство.

На теренот од вардаровите легенди се најдоа Томче Трајановски, Ѓоре Јовановски, Сашо Јанев, Слободан Мутибариќ…, но за целокупниот настан задолжени и најголемото вардарово име во историјата Дарко Панчев, како и Сашо Тодоровски, Коки Аврамовски, кои беа дел од комплетниот денешен хепенинг на „вардарци“…

„Прекрасен начин за потсетување на некогашните фудбалски натпревар, но овој пат и за демонстрација на нашето гостопримство за пријателите од Јабука. Сакаме на овој начин да го негуваме постојано и името на Вардар како најголем фудбалски колектив во државава, но пред се и препознатлив бренд насекаде во регионов и пошироко“ – е едногласниот став на вардаровите легенди од денешниот фудбалски собир.

 

Се вчитува...