Во новата фудбалска сезона 2025/26 во Третата лига – Исток повторно ќе играаат Победа од Валандово и Рудар од Пробиштип, клубови со богата историја кои во минатото биле членови и на Првата и Втората фудбалска лига на Македонија.
На последниот состанок на Управниот одбор на Третата лига – Исток беше донесена одлука да се прифатат нивните молби за активирање и лигата ќе брои 12 екипи. Тоа се: Брегалница Делчево, Хоризонт Турново, Овче Поле од Свети Николе, Малеш Берово, Карбинци, Дојранско Езеро, Светлост Зрновце, Ударник Пирава, Тиверија Струмица, Вардарски Богданци, Победа Валандово и Рудар Пробиштип.
Есенската сезона ќе стартува на 7 септември. Донесена е и одлука дека секој клуб за учество во лигата да уплати котизација од 200.000 денари за цела сезона, потребни за исплата на судиски и делегатски такси.
Комплетирана и Третата лига – Север
Комплетирана е и Третата лига- – Север во која ќе играат 14 екипи. Стартот е предвиден за 15 септември, котизацијата за учество засега изнесува 180.000 денари за цела сезона. Нови членови на Лигата се прваците на Општинските лиги кои играа бараж за четирите упразнети места. Тоа се: Беса Сарај, Студеничани Кисела Вода, Отле Липково и Лопате Куманово. Од минатата сезона останаа: Аеродром, Еуромилк, Фортуна Сингелиќ, Кадино, Ржаничино, Башкими Љубанце, Куманово, Пчиња Старо Негоричани, Беса Слупчане и БВК Коњаре.
Шкендија од Арачиново се пласира во единствената Втора лига на Македонија, а од лигата испаднаа Њу Старс, Ринија и Академија Илинден.
М.М.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

