„Кралевите“ лесно со Пачука за прв триумф на Светското клупско првенство (ВИДЕО)

Реал Мадрид лесно се справи со Пачука победувајќи со 3-1 во вториот натпревар од Групата Х на Светското клупско првенство во САД.

За „кралевите“ ова е прва победа на првенството, по претходното реми (1-1) со Ал Хилал, која ја најавија со два гола уште во првото полувреме преку Белингам во 35. минута и Гулер во 43. минута.

Во вториот дел Валверде во 70. минута погоди за 3-0, а Монтиел во 80. минута со почесен гол за Пачука успеа само да го ублажи поразот.

Се вчитува...