Енрике разочаран од лошата состојба на терените во САД

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике ја повика ФИФА да реагира пред осминафиналето на Светското клупско првенство.

Пари Сен Жермен одлично се снајде во групната фаза на Светското клупско првенство, со две победи и еден пораз, европскиот првак го освои првото место во групата Б, па во осминафиналето ќе игра против  Интер Мајами.

Шпанскиот стручњак беше доста лут по натпреварот одигран на стадионот „Лумен Филд“ во Сиетл поради квалитетот на теренот.

„Сакам да истакнам дека, иако победивме, состојбата на теренот е под нивото потребно за играње фудбал. Тревните терени се далеку зад европските по квалитет. Топката се одбива на нив како зајак. Сега игравме на терен што порано беше со вештачка трева, а сега е со природна. Тоа значи дека треба да се полева со рака и да се исуши за десет минути. Тоа е очигледен проблем, а не оправдување. На терените како овие на Светското клупско првенство во Америка, не можеме да играме на нивото на кое сакаме. ФИФА мора да се грижи за тоа. Не само на стадионите, туку и во однос на терените кај што тренираме“, изјави Енрике. 

Се вчитува...