Челси лесно до триумф, но Фламенго заврши на првата позиција во групата

Челси со лесна победа над Есперанса од Тунис, се пласираше во 1/8 финалето на Светското клупско првенство. Меѓутоа како прв во групата заврши тимот на Фламенго, кој одигра нерешено со Лос Анџелес и со седум бодови ја освои групата.

Лондонскиот тим со 0-3 триумфираше над Есперанса. Првиот гол го постигна Адарибиојо во третата минута од судиското надополнување, а во петтата минута од продолжението Лиам Делап го постигна својот деби гол за Челси. Точна на победата стави Џорџ исто така во судиското продолжение, но на вториот дел.

Фламенго одигра само 1-1 против Лос анџелес. Буанга во 84. минута донесе предност, која траеше само две минути откако тимот од САД израмни со голот на Јан Валас.

Се вчитува...