„Се повредуваш и не им требаш, па те фрлаат како вреќа за ѓубре“

Германската легенда Марио Баслер, ја коментираше ситуацијата со Марк-Андре тер Штеген во Барселона. Откако една сезона мина надвор од терените поради тешка повреда, сега Барселона сака да се откаже од капитенот.

Барселона веќе го ангажираше Жоан Гарсија од Еспањол, кој барал да биде прв голман, и веројатно тоа ќе му биде овозможено, а Тер Штеген е на излезна врата, и покрај тоа што тој најавува дека ќе остане и ќе се бори за прв голман.

„Тешко е денеска. Ако си повреден и повеќе не си потребен, те фрлаат како вреќа за ѓубре. Дури и ако имаш договор, и ако сакаат да те избркаат, ќе ги преземат сите чекор да ве принудат да си одите. Тер Штеген нема повеќе шанси да биде прв голман во Барселона, и ќе мора да најде друг клуб, затоа што ризикува да го загуби местото во германската репрезентација за Светското првенство 2026 година“, изјави Баслер.

Се вчитува...