Италијанскиот тренер Стефано Пиоли, доби отказ од тимот на Ал Нар. Клубот го објави крајот на соработката со тренерот и неговиот стручен штаб.
Екс тренерот на Милан го презеде тимот од Ријад во септември 2024 година. Минатата сезона Ал Наср не успеа да освои ниту еден трофеј. Тој освои 70 поени и го зазеде само третото место на табелата.
Сепак, Пиоли нема многу да чека на неговата нова работа, со оглед дека Фиорентина го чека со раширени раце, односно веднаш би можел да потпише со „виолетовите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

