Првата ѕвезда на Реал Мадрид, францускиот напаѓач Килијан Мбапе нема да биде дел од тимот на „кралевите“ и на третиот меч од групната фаза на Светското клупско првенство кое се игра во САД.
Откако имаше голем проблем со болест по доаѓањето во САД, Мбапе не можеше да им помогне на своите соиграчи на мечевите со Ал Хилал (реми) и Пачука (победа).
Тој иако оздраве како што велат од мадридскиот клуб, сепак се уште не е доволно подготвен за утрешниот меч против австрискиот РБ Салцбург.
Реал Мадрид по првите два меча има освоено четири бода и со победа или реми и дефинитивно ќе биде учесник во нокаут фазата од ова натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

