Фудбалската репрезентација на Германија е вториот финалист на Европското првенство до 21 година кое се игра во Словачка.
„Панцирите“ во второто полуфинале славеа над Французите со 3-0. Водство за Германија од 1-0 донесе Вајпер уште во 8. минута од мечот, додека на 2-0 зголеми Волтемејд во 14. минута. Конечните 3-0 беа дело на Брајан Груда во 95. минута.
Germany U21 2-0 France U21 – Nick Woltemade 14'
byu/MeladroitTM insoccer
Германија во финалето за противник ќе ја има Англија која во првото полуфинале беше подобра од Холандија со 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

