Најдобриот светски голман доаѓа во Манчестер Јунајтед

Најдобриот светски голман на СП 2022 година, Емилијано Мартинез останува главна цел за Манчестер Јунајтед. Тимот од Олд Трафорд бара замена за Андре Онана, кој имаше многу киксови во последните две сезони во Премиерлигашот, па од тука Аморим сака промена на голманската позиција.

Прв пик е токму Мартинез, кој најави дека заминува од Астон Вила. „Атлетик“ пишува дека тимот на Манчестер Јунајтед не се откажал од желбата тој да биде идната „единица“ на Олд Трафорд.

Меѓутоа се ќе зависи од продажбата на Онана за кого има интерес од неколку тимови од Саудиска Арабија.

Се вчитува...